Дома Трансфер зона Мануел Ноер го шокира Баерн со своите барања

Мануел Ноер го шокира Баерн со своите барања

Преговорите помеѓу Маниел Ноер и Баерн Минхен за продолжување на соработката се во прекин, објави еминентниот „Билд“.

Баерн му понудил нов договор на Мануел Ноер, но само со продолжување на една година. Сегашниот договор на Ноер истекува во 2021 година, а Баварците му понудиле договор до јуни 2022 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ноер веднаш го одбил ваквиот предлог и бара договор до 2024 година, но и зголемување на платата.

„Билд“ пренесува дека агентот на Ноер, Томас Кот инсистира на нереално голема плата, во висина од 20 милиони евра, што е за пет милиони повеќе од неговата сегашна годишна плата.

Ноер исто така се плаши дека може да ја загуби „единицата“ со доаѓањето на Александар Нубел од Шалке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…