Дома Македонски спорт Мак ракомет Шпанците го обвинуваат Вардар: Македа, Раул, Канељас тврдат дека клубот им должи пари

Шпанците го обвинуваат Вардар: Македа, Раул, Канељас тврдат дека клубот им должи пари

Вардар се соочува со големи финансиски проблеми,  поради што многу ракометари го напуштија клубот, оваа и изминатите сезони.

Актуелните ракометари на Вардар јавно признаа дека клубот им ги касни платите, но Вардар им должи и на поранешните свои играчи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа денес за „Мундо Депортиво“ го открија поранешните тренери на Вардар, Раул и Парондо, како и ракометарите Македа и Канељас.

„Вардар должи многу пари и тоа на неколку играчи меѓу кои и мене. Таму ти плаќаат, колку што тие сакаат. Со години ни ветуваа дека ќе бидеме исплатени, но уште ништо немаме видено. Последниот пат ни рекоа дека сè ќе ни биде исплатено до крајот на последниот јануари, но уште еднаш без резултат“, изјави Канељас, а слична изјава даде и Македа.

„Веруваме на зборот на претседателот, но тој ни нема платено сè што ни должи до денес. Комплицирана е ситуацијата, ракометот, обично, ги има овие проблеми. Се случи со Вардар, се случувало и во други клубови, јас уште му верувам на зборот. Не знам дали ќе ни плати, времето работи против нас, но додека постои Вардар, постои и надеж“, изјави Раул Гонзалез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…