Дома Трансфер зона Мурињо и го „краде“ Смолинг на Рома

Мурињо и го „краде“ Смолинг на Рома

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е заинтересиран да го донесе дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг, пренесуваат италијанските медиуми.

30-годишниот дефанзивец во моментов игра во Рома како позајмен фудбалер и игра одлично оваа сезона. „Волчицата“ прави се од себе за да го откупи неговиот договор, но се чини дека имаат сериозна конкуренција за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Смолинг е во добри услови со Мурињо уште од нивниот престој на „Олд Трафорд“ и тоа може да биде во корист на „спарси“. Засега, фудбалерот не брза да ја реши својата иднина и ќе почека до крајот на сезоната за да ги разгледа сите опции.

Мурињо треба да ја засили одбраната во текот на летото. Тој сигурно ќе мора да најде замена за Јан Вертонген, чиј договор истекува и ќе си замине како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…