Шпанскиот медиум „Ел Десмарк“ најавува дека Интер и Реал Мадрид би можеле да направат размена на играчи.
Наводно, Реал е спремен да го испрати Лука Модриќ во Интер како дел од голем трансфер во кој во Мадрид би пристигнал Милан Скриниар. Скриниар веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите стопери во Европа, а сега наполни 25 години и изгледа е време да направи нов чекор во кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако Интер игра одлично под водство на Конте и се бори за титулата во Италија, Шпанците се убедени дека Словакот би го заменил Милано за Мадрид.
Интер пак покажа дека може да доведе големи имиња како Лукаку, Ериксен, Санчез…Сега ќе изгледа ќе се вратат по Модриќ кого не успеаа да го доведат минатото лето.
Ова лето Хрватот влегува во последните 18 месеци од договорот, а освен тоа има и 34 години, па изгледа како последна прилика од која Реал може да има корист.