Дома Фудбал Италија Кој добил најмногу пенали во Серија А сезонава? (ФОТО)

Кој добил најмногу пенали во Серија А сезонава? (ФОТО)

Во италијанската Серија А многу често се зборува за работата на арбитрите на натпреварите.

Јувентус е лидер во Италија, а многу често се коментира дека токму овој тим е „миленик“ на судиите. На последниот натпревар во Серија А, Јувентус победи со 3:0 против Фиорентина, два гола постигна Роналдо од пенал.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Меѓутоа Јувентус не е клубот кој добил најмногу пенали сезонава, старата дама во овој сегмент се наоѓа на петтата позиција.

Најмногу пенали сезонава добил Лацио 13, а само два пенали биле досудени против тимот од Рим. Зад Лацио е Интер кој има разлика од +5 (седум во нивна корист, два се досудени против нив), потоа следи Рома, Аталанта, па Јувентус.

Милан, Фиорентина и Наполи се тимовите кои на оваа листа се во минус. Односно повеќе пенали биле досудени против нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Човекот кој имаше повеќе трофеи од настапи го напушти Манчестер Сити

Голманот Скот Карсон (39) го напушти Манчестер Сити по истекот на неговиот договор, завршу…