Дома Трансфер зона Хатим бен Арфа се сели во Примера

Хатим бен Арфа се сели во Примера

Францускиот офанзивен фудбалер, Хатим бен Арфа би можел кариерата да ја продолжи во Шпанија, пренесуваат тамошните медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бен Арфа е без ангажман откако ги напушти редовите на Рен минатото лето, по истекот на договорот.

Французинот се поврзуваше многу клубови ширум Европа, а последните информации се дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Ваљадолид.

Медиумите тврдат дека соработката е договорена и дека наскоро се очекува само официјализација, па Бен Арфа ќе пристигне по барање лично од претседателот Роналдо Назарио.

Ваљадолид моментално се наоѓа на 16-то место во Примера и се бори за опстанок, па од клубот се надеваат дека Бен Арфа ќе му помогне на клубот да избори опстанок.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…