Филипе Кутињо не ги задоволи критериумите во Баерн Минхен, па на крајот на сезоната ќе се врати во Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот пристигна во Минхен на едногодишна позајмица и Баварците имаат можност да го откупат на лето за 120 милиони евра. Меѓутоа, последните информации од Германија се дека Баварците ќе прават големи промени во тимот и одлучиле да го вратат Кутињо во Барселона.
Јасно е дека за Кутињо нема повеќе место на „Камп Ноу“, па многу клубови ќе се борат за неговиот потпис, а италијанските медиуми денес лансираа „бомба“ и тврдат би можел да се врати во Серија А.
Имено, Милан има големи планови за следната сезона и во Кутињо гледа идеално засилување и играч кој ќе биде „клучна фигура“ на тимот во наредните денови.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Кутињо и за неговиот потпис се спремни да платат 100 милиони евра, но ова сепак нема да биде лесна мисија за миланскиот гигант.