Пауло Дибала оваа сезона направи нешто што ретко на кого му успеало пред него, кога се во прашање играчите од Серија А.
Имено, одличниот Аргентинец постигна гол во сите натпреварувања на кои настапи оваа сезона и по тоа е единствен во сезоната 2019/20.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Дибала ги тресеше мрежите во четири натпреварувања. Покрај во Серија А и Лигата на шампиони, синоќа постигна гол во Купот на Италија, а претходно беше стрелец во италијанскиот Суперкуп.
„Десетката“ на Јувентус оваа сезона на 24 натпревари постигна 11 гола и веќе сега има подобар учинок во однос на минатата сезона кога на 42 меча постигна 10 гола.