Дома Трансфер зона Трампата меѓу Интер и Рома пред пропаѓање

Трампата меѓу Интер и Рома пред пропаѓање

Големата размена на фудбалери помеѓу Интер и Рома е пред пропаѓање, пренесуваат медиумите на Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато, „нероаѕурите“ требаше да го добијат левиот бек Леонардо Спинацола, а на „Олимпико“ да го испратат Матео Политано.

Вчера Политано успешно ги помина лекарските прегледи во Рома и дури позираше со шал на „волчицата“. Во меѓувреме Спинацола има потешкотии да ги мине лекарските прегледи во Интер бидејќи е во повреден во моментов, а тоа може да биде причината за пропаѓање на трампата.

Италијанските медиуми тврдат дека Интер и предложил две варијатни на Рома, или нови лекарски прегледи или само размена на играчите на позајмица без право на откуп.

Меѓутоа, Рома ги отфрлила двете такви можности и во моментов големата разлена е пред пропаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…