Манчестер Јунајтед е критикуван поради својата пасивност на трансфер пазарот, па размислува да донесе неколку засилувања во зимскиот преоден рок.
Англиските медиуми откриваат дека главната трансфер цел на Солскјер е ѕвездата на Наполи, Аркадиус Милик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по напаѓач, кој ќе може да биде долгорочно решение, па изборот падна на полскиот репрезентативец.
Англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед спрема понуда од 60 милиони фунти и смета дека тоа ќе биде доволно да го убеди Наполи да го пушти Милик.
25-годишниот напаѓач сезонава игра во одлична форма и постигна 10 гола на 12 настапи, па е еден од најдобрите поединци во Наполи.
Поради тоа тешко е да се поверува дека италијанскиот клуб ќе го пушти напаѓачот без претходно да обезбеди адекватна замена.