Поранешниот фудбалски репрезентативец на Италија и член на повеќе екипи од Серија А, Фабрицио Миколи наредните три ипол години од животот ќе ги помине во затвор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Апелациониот суд во Палермо ја потврди казната на 40 годишниот Миколи за вмешаност во организиран криминал. Миколи заедно со Мауро Лаурицел, шеф на сицилијанската мафија изнудил 12.000 евра од сопственик на локална дискотека.
Од друга страна неговиот соучесни доби една затворска казна од една година и тој многу брзо ќе излезе на слобода бидејќи е зад решетки од почетокот на постапката.
Миколи во богатата кариера играше за Јувентус, Перуџа, Фиорентина, Бенфика, Палермо, Лече и Биркира каде што во 2015 ја заврши кариерата.