Дома Трансфер зона Студира право и игра аматерски фудбал, а вчера доби шанса да го чува идолот од детството

Студира право и игра аматерски фудбал, а вчера доби шанса да го чува идолот од детството

Златан Ибрахимовиќ вчера за прв пат по враќањето заигра во дресот на Милан и тоа против нисколигашот Родензе и тој натпревар Милан го доби со 9:0.

Искусниот 38 годишен напаѓач на „Сан Сиро“ пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ЛА Галакси. Ибра во вчерашниот натпревар успеа да постигне гол и да запише асистенција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швеѓанецот вчера беше чуван од Филипо Вензо кој до пред неколку дена не можел ниту да сонува дека ќе биде на ист терен со неговиот идол од детството. Вензо инаку е студент по право во Милано и игра аматерски фудбал.

„Од детството сум навивач на Јувентус и уживав кога гледав како Капело го води клубот, тогаш омилени играчи ми беа Ибрахимовиќ и Дел Пиеро. Вчера дојдов на натпреварот, а кога тренерот ми кажа дека моја задача е да го чувам Златан не можев да верувам. Добро поминав, добив и негов дрес. Сега морам да му најдам добро место затоа што ова е еден од моите најдобри спомени во животот“, изјави Вензо.

Вензо порача дека бил воодушевен од тоа колку Златан е физички спремен иако има 38 години.

„Физички е неверојатен. Не ми изгледаше како да има 38 години бидејќи одлично се движеше на теренот. Веднаш можете да забележите дека е лидер. Навистина е неверојате“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…