Италијанскиот напаѓач Патрик Кутроне, кој во летниот преоден рок се пресели од Милан во Вулверхемптон, би можел експресно да се врати во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кутроне блесна во дресот на Милан и за пресели во Премиер лигата за 18 милиони евра, но не се снајде најдобро на Островот.
Италијанецот не се избори за место во првиот тим кај „волците“, па во потрага по поголема минутажа би можел да ја промени средината.
За него сериозен интерес покажуваат Фиорентина и Торино, а „вилетовите“ веќе започнале преговори со неговиот агент.
Кутроне е спремен да се врати во Серија А, а споменатите клубови сакаат да го донесат на позајмица со право на откуп следното лето.