Вечерва фудбалската федерација на Македонија во МНТ ќе ги профласува најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2018/2019.
Најдобрите ќе се бираат во 16 категории.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Номинирани за најдобар фудбалер во МФЛ се Владица Брдаровски (Вардар), Висар Муслиу (Шкендија) и Љупчо Дориев (Академија Пандев), додека, номирани за најдобар тренер во МФЛ се Ќатип Османи (Шкендија), Југослав Тренчовски (Академија Пандев) и Александар Васоски (Вардар). Вечерва ќе бидат прогласени и најдобрите во младински и женски фудбал, потоа најдобриот тренер и играч во футсал, најдобар стрелец во МФЛ, а ќе им се доделат и признанија на истакнати фудбалски работници за придонес во развојот на македонскиот фудбал. Секако, на манифестацијата ќе биде доделена наградата и за најдобриот македонски репрезент во странство.
Прогласувањето на најдобрите ќе може да се следи во директен пренос на МТВ.