Дома Фудбал Италија Гатузо викендов му дава шанса на Елмас на нова позиција?

Гатузо викендов му дава шанса на Елмас на нова позиција?

Според она што се пишува во италијанските медиуми, Елиф Елмас викендов ќе добие шанса од Џенаро Гатузо.

Наполи во недела од 20:45 часот ќе игра против Сасуоло и низ дел од италијанските медиуми од утрово започна да се пишува дека Гатузо за овој натпревар ќе му даде шанса на Елмас, но на нова позиција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Елмас игра повеќе како плејмејкер, меѓутоа Гатузо би можел во офанзивниот дел од средината да игра со Руиз, а Елмас да дејствува по крилната позиција како крилен напаѓач.

Ќе потсетиме, Елмас во нашата репрезентација на неколку натпревари веќе играше на таа позиција, па не му е непознато.

Се надеваме македонскиот дијамант ќе добие шанса и ќе му покаже на Гатузо дека заслужува да биде стандарден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…