Дома Фудбал Италија Нестор е „шоуменот“ во Удинезе!

Нестор е „шоуменот“ во Удинезе!

Според зборовите на голманот на Удинезе Хуан Мусо македонскиот напаѓач Илија Несторовски е главниот човек за забава и шеги во соблекувалната.

Мусо доби прашање од италијанските медиуми кој е најлудиот во соблекувалната, а во таа прилика тој го кажа името на нашиот фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тешко прашање бидејќи во нашата соблекувална има повеќе „лудаци“, но прв кој ми паѓа на памет е Несторовски.  Само што ќе го видите сфаќате дека е „луд“. Постојано се шегува и ги смее останатите“, изјави Мусo.

Ќе потсетиме, Несторовски во Удинезе пристигна летово после колапсот кој му се случи на Палермо.

Својата смисла за хумор Несторовски ја покажа и неодамна кога го исмејуваше ВАР кога погоди против Сампдорија, откако претходно еден гол му беше поништен поради новата технологија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…