Дома Фудбал Италија Анчелоти пред отказ, Наполи бира меѓу тројца тренери

Анчелоти пред отказ, Наполи бира меѓу тројца тренери

Резултатската криза во Наполи се продлабочува, тимот на Анчелоти не знае за победа веќе 7 натпревари, па тимот падна на 7-то место на табелата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството сериозно размислува за смена на Карло Анчелоти и веќе ја започна потрагата по негов наследник.

Според „Ил Матино“, најпосакуван, но и најтешко достижен тренер е Макс Алегри. Екс тренерот на Јувентус истакна дека нема да се врати на работи до крајот на сезоната, притоа преферира да преземе клуб од странство.

Многу поверојатно е Наполи да го донесе на „Сан Паоло“ бившиот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, кој во момемтов е без ангажман.

Последната опција за Де Лаурентис е бившиот искусен тренер Едуардо Реја, кој би требало да биде привремено решение до завршувањето на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ постави рекорд на светските првенства

Хрватска со победа од 2-1 над Гана го обезбеди второто место во групата „Л“ и пласман во н…