Дома Фудбал Италија Се огласија од Наполи: Анчелоти ја има целосната поддршка

Се огласија од Наполи: Анчелоти ја има целосната поддршка

Италијанските медиуми веќе неколку дена шпекулираат со иднината на Анчелоти и тврдат дека Наполи му спрема отказ, а денес претседателот на клубот категорично ги демантираше таквите тврдења.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аурелио Де Лаурентис ги отфрли сите шпекулации дека Анчелоти ќе биде сменет и тврди дека тренерот ја има целата негова поддршка.

„Јас безрезервно му верувам на Карло и како тренер, а и како човек. Каква смена на тренер? Со никого не сум разговарал, ниту некого сум го барал. Јас ништо немам решено, зашто сезоната е во тек. Ниту сум се јавил кај Гатузо, ниту кај Спалети. Со Алегри се знаеме од 2013 година и разговаравме, ама не за оваа ситуација“, изјави Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…