Утре во дербито во Серија А ќе играат Интер и Рома, а „Кориере дело Спорт“ се потруди да направи скандал со својата насловна страна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, на насловната страна се најдоа фудбалерите со темна боја на кожата Ромелу Лукаку и стоперот на Рома, Крис Смолинг. Контроверзии предизвика текстот на насловната страна на која пишуваше „Црн петок“.

Со мали букви под тој наслов стои: Од доаѓањето од Манчестер Јунајтед станаа важни во своите екипи и завземаа став во борбата против расизмот.
Наводно се било замислено токму како борба против расизмот и токму затоа за насловната страна биле избрани фудбалери со темна боја на кожата. Сепак, малку кој сфати на тој начин, па реномираниот медиум во Италија доби голем број критики.