Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изиви дека неговиот тим нема потреба од засилувања во зимскиот преоден рок.
Англиските медиуми тврдат дека „граѓаните“ се во потрага по дефанзивец после повредата на Енерик Лапорт и неколку дефанзивци се поврзуваат со трансфер на „Емирати“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Гвардиола стави крај на шпекулациите и потврди дека нема да биде активен на зимскиот трансфер пазар.
„Не сакам нови фудбалери во јануари. Не успеавме да донесеме дефанзивец во летото. Отаменди остана, а Фернандињо одлично се приспособи на таа позиција. Тоа е се што можам да кажам на таа тема“, изјави Гвардиола.
„На лето со сигурност ќе имаме потреба од освежување. Давид Силва заминува, а Фернандињо не е сигурно дали ќе остане, но тоа е нормално за фудбалери на таа возраст. Нас ни останува да најдеме адекватни замени за нив“, додаде Гвардиола.