Дома Трансфер зона Караско се враќа во Европа – четири гиганти во трка за потписот

Караско се враќа во Европа – четири гиганти во трка за потписот

Белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско призна дека му недостасува играњето во Европа и најави дека наскоро би можела да заврши неговата авантура во Кина.

Караско играше за Монако и Атлетико Мадрид и би можел да се врати на стариот континент веќе во јануари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За него постои голем интерес од многу европски гиганти меѓу кои Арсенал, Интер, Манчестер Јунајтед и Милан.

„Ми недостасува Европа, но јас имам договор во Кина. Во последните денови од преодниот рок клубот не дозволи да си заминам. Сепак, јас се надевам дека ќе можам да го направам тоа наскоро и нешто поконкретно ќе се реализира“, истакна Караско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…