Дома Фудбал Италија Играчите на Каљари покажаа како да прокоцкаш 2:0 за седум минути на глупав начин (ВИДЕО)

Играчите на Каљари покажаа како да прокоцкаш 2:0 за седум минути на глупав начин (ВИДЕО)

Два пенала, три црвени картони, четири гола, глупости какви што ретко се гледаат и прокоцкани 2:0 на Каљари – Лече и Каљари го одиграа еден од највозбодливите натпревари сезонава во Серија А.

Она што во финишот од натпреварот го направија десниот бек на Лече Фабрисио Качиаторе и голманот Робин Олсен (позајмен играч од Рома) благо кажано е глупост. При резултат 2:0 за неговиот тим Качиаторе прави несфатлив потег. Олсен беше совладан, топката одеше во празната мрежа, а искусниот дефанзивец намерно со рака ја запре топката во голмански стил. Судијата Маријано оправдно го исклучи и покажа на белата точка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Џанлука Лападула ја превзема одговорноста, иако не го изведе најдобро пеналот сепак топката помина низ рацете на Олсен. Бесен што ја имаше во раце Олсен стана и шутна далеку на трибините, Лападула тогаш му се внесе во лице, а Швеѓанецот ги изгуби нервите и го турна. Тогаш главниот судија на натпреварот им покажа црвен картон и на двајцата.

Во првата минута од судиското продолжение Каљари заборави на левиот бек Марко Калдерони кој погодува за 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…