Дома Фудбал Италија Лукаку најефективно засилување за Интер во последните 70 години!

Лукаку најефективно засилување за Интер во последните 70 години!

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се покажа како големо засилување и вистински погодок за Интер.

26-годишниот напаѓач пристигна во Интер ова лето од Манчестер Јунајтед за 65 милиони евра и веднаш почна да ги тресе противничките мрежи.

Лукаку синоќа против Торино го постигна 10-от гол во Серија А во првите 13 кола и така стана најефикасниот нов играч на Интер во последните 70 години.

Повеќе голови од него во првите 13 кола има постигнато само Унгарецот Иштван Ниерш во сезоната 1948/49 година. Тогаш Иштвар стана најдобар стрелец во Серија А со 26 гола, а вкупно за Интер има постигнато 133 гола на 182 меча.

Тренерот Конте јавно го пофали Лукаку после синоќешниот меч и изјави дека тој и Лаутаро Мартинез се тандем со кој Интер не треба да се грижи во наредните 7-8 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанија со пресврт ја совлада Хрватска на Полјуд

Хрватска подобра од претходните натпревари, но не успеа да избегне пораз од Шпанија на Пол…