Дома Фудбал Италија Ќе реагира ли Јувентус? Роналдо си заминал од стадионот пред да заврши натпреварот!

Ќе реагира ли Јувентус? Роналдо си заминал од стадионот пред да заврши натпреварот!

Вечерва Јувентус го победи Милан со 1:0 во италијанското дерби, меѓутоа она што најмногу привлече внимание е потегот на Маурицио Сари во 54-тата минута.

Сари во 54-тата минута се одлучи на еден изненадувачки потег – го замени Роналдо. На местото на Португалецот Сари во игра го стави Паоло Дибала кој подоцна и го реши натпреварот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Роналдо веројатно и самиот не памети кога последен пат бил заменет во таа фаза (без самиот да побара). Измената секако не му се допадна, а тоа го покажа и пред камерите.

Португалецот не отиде на клупата за резерви туку се упати право во соблекувалната што секако е против правилата на клубот. Италијанските медиуми објавија дека Роналдо не само што порано отишол во соблекувалната, туку и го напуштил стадионот уште натпреварот пред да заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Партизан се засили со играч од Милан!

Фудбалскиот клуб Партизан договори трансфер на Андреј Костиќ (19), млад црногорски напаѓач…