Дома Фудбал Германија Ова се кандидатите за наследник на Ковач во Баерн Минхен

Ова се кандидатите за наследник на Ковач во Баерн Минхен

Хрватскиот стратег Ковач вчера доби отказ во Баерн Минхен.

Секако, веднаш после отпуштањето на Ковач започнаа шпекулации за тоа кој би требало да биде негов наследник, а имиња има неколку.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Арсен Венгер, Ралф Рангик и Мaрк Ван Бомел се само некои од имињата кои конкурираат, барем според медиуми, но како главни кандидати се истакнуваат Масимилијано Алегри и Жозе Мурињо.

Дури и пред Ковач да биде отпуштен се пишуваше дека Алегри е главен кандидат да биде тренер на Баерн, но навивачите на германскиот гигант го сакаат само Жозе Мурињо.

Мурињо е без ангажман скоро една година, а освен Баерн неодамна се доведуваше и во врска со Арсенал.

Како и да е се очекува Баерн многу брзо да именува нов стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универси…