Aко некој се сомневаше сега стигна потврда – во Јувентус за слободните удари одлучува Роналдо.
Миралем Пјаниќ во разговор за „Тутоспорт“ откри како стојат работите околу слободните удари во Јувентус.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Многумина му замеруваат на Роналдо што и понатаму форсира да изведува слободни удари иако долго време не постигнал гол и има многу послаб просек од Дибала и Пјаниќ.
„Роналдо нема проблеми, на тренинг постигнува голови, имаме добри шутери. Дибала лево, Роналдо и јас десно. Крис има посилен удар, но знае да добро да шутне и кога прекршокот е поблиску. Со Роналдо нема проблем, ми кажа дека кога и некој да сака да шутне слободен тоа да го направи. Сепак, јас се сложувам со него и немам проблем Роналдо да одлучува“, изјави Пјаниќ кој важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот.