Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини имаше средва со првиот човек на холандскиот фудбал и член на Извршниот комитет на УЕФА, Михаел Ван Праг.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот човек на македонскиот фудбал со членот на највисокото тело на УЕФА разговараше за конференцијата која се одржа денес во Скопје и на која учествуваа 120 интернационални експерти.
-Ние како Фудбалска федерација на Македонија секогаш ја отвораме својата врата за нашите спортски пријатели, а г. Ван Праг секако е наш соработник и пријател. Разговаравме околу конференцијата која заеднички ја организираме и важноста околу безбедноста и интегритетот на фудбалот. Со г. Ван Праг споделивме искуства поврзани со младите национални репрезентации, фудбалските академии и женскиот фудбал и верувам дека имаме простор за поголема соработка во иднина. Оваа средба беше прв чекор кон таа насока. Му се заблагодарувам на г. Ван Праг за неговото присуство во Скопје и се радувам на продлабочувањето на добрите односи со УЕФА, изјави Сејдини за официјалниот сајт на ФФМ.