Дома Фудбал Италија Роналдо: Уште на 19 години сфатив дека фудбалот е цифри, рекорди, титули и голови!

Роналдо: Уште на 19 години сфатив дека фудбалот е цифри, рекорди, титули и голови!

Мегаѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо истакна дека се надева дека уште долго време ќе игра на високо ниво.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо иако веќе има полни 34 години, игра во фантастична форма и постојано соборува рекорди и се уште е гладен за титули.

Португалецот во интервју за „Франс Фудбал“ изјави дека уште на почетокот на кариерата ја сфатил суштината на фудбалот.

„Уште на 19-20 години сфатив дека фудбалот е цифри, титули, голови и рекорди. За да си ефективен пред голот прво треба да имаш талент, но талентот без работа е ништо. Ништо не паѓа од небо. Никогаш немаше да стигнам до тука без упорна работа. Мојата цел е да играм на највисоко ниво колку што може подолго“, изјави Роналдо.

Ова е дел од интервуто на Роналдо кое ќе излезе во наредниот број на „Франс Фудбал“ и поради кое одредени медиуми тврдат дека токму тој ќе ја освои „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шкендија се засили со Бојан Димоски (Фото)

Македонскиот прволигаш Шкендија промовира засилување за следната сезона, а тоа е македонск…