Аталанта игра фантастично во Серија А оваа сезона, а после високата победа над Удинезе и киксот на лидерот додатно се доближи до врвот.
Италијанските медиуми веќе почнаа да го поставуваат прашањето дали „Божицата“ може да го освои Скудетото, иако пред почетокот на сезоната не важеше за еден од конкурентите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, даде своја оценка за шансите неговиот тим да ја освои титулата.
„Може ли Аталанта да го освои првенството оваа сезона? Дефинитивно не. Освен ако Јувентус не го изгуби. Сепак, тука се и Интер и Наполи“, изјави Гасперини.
Аталанта моментално е на третото место на табелата со само два бода помалку од Интер и три бода од лидерот Јувентус.