Дома Фудбал Италија Де Лаурентис со контроверзна изјава ги „пецна“ фудбалерите кои одат во Кина!

Де Лаурентис со контроверзна изјава ги „пецна“ фудбалерите кои одат во Кина!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е познат по тоа дека нема „влакна на јазик“ и со последната изјава повторно крена голема прашина.

На Хосе Калјехон како и на офанзивецот Дрис Мертенс им истекуваат договорите во јуни 2020 година, а и двајцата размислуваат на лето да се преселат на далечниот Исток, поточно во кинеската лига.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Де Лаурентис даде свој коментар на оваа тема и ги „пецна“ фудбалерите.

Нови договори за Калјехон и Мертенс? Не сум подготвен за нешто посебно, секој фудбалер си има своја вредност во зависност од тоа каде игра, како игра, колку години има и што прави. Доколку некој посакува да замине во Кина бидејќи таму ќе биде многу платен и да живее две-три години с*ање од живот, тоа е негов проблем. Сите имаат право да изберат каде да бидат среќни и каде да работат за тоа што го сакаат во животот, или тоа да го сторат само за парите, за мене парите имаат значење, но тоа не е крајот, но ако за нив е крајот, тие заминуваат во Кина“, изјави Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…