Дома Фудбал Италија Алегри: Учам англиски…

Алегри: Учам англиски…

Aнглиските медиуми пренесуваат дека Масимилијано Алегри е блиску до превземање на Манчестер Јунајтед, а италијанскиот тренер даде интересен одговор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот стратег на Јувентус наводно е на пат да го наследи Оле Гунар Солскјер на кого му се спрема отказ поради најлошиот старт Премиер лигата откако ова натпреварување го носи тоа име.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 12-тата позиција со само девет бодови од осум натпревари. Судејќи според информациите од Островот управата е спремна за промена на клупата. Алегри е најголема желба и контактот е остварен.

„Не зборувам англиски баш добро, но учам…“, само кратко одговори Алегри.

Алегри од заминувањето од Јувентус на крајот на минатата сезона е без работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…