Дома Фудбал Италија Фудбалерот на Јувентус искрен: Не сум среќен во Торино, но…

Фудбалерот на Јувентус искрен: Не сум среќен во Торино, но…

Играчот за врска на Јувентус, Емре Џан не е среќен во редовите на Јувентус.

Со доаѓањето на Сари на клупата на „Старата дама“, Џан одигра само 78 минути и тоа воопшто не го задоволува.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не сум среќен во моментов. Не играм многу за разлика од минатата сезона, кога играв многу, особено во важните натпревари. Не добив шанса оваа сезона, но сакам да играм што повеќе“, изјави Џан.

Тој е благодарен на селекторот Лев што го повикал.

„Се разбира благодарен сум за повикот. Не играм премногу, а тој ме повикува. Среќен сум поради тоа“, додаде Џан.

Џан пред Јувентус играше за Ливерпул, Баерн Леверкузен, а кариерата ја започна во Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанија губи голем талент: Фудбалер на Реал доби покана од Мароко?

Фудбалерот на Реал Мадрид Tијагo Питарч би можел исто така да настапи за репрезентацијата …