Тренерот на Интер, Антонио Конте после поразот од Јувентус изјави дека нема за што да им замери на своите фудбалери.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според него Јувентус е на повисоко ниво и пред Интер има долг пат и многу работа за да ја стигне „старата дама“.
„Јувентус ја покажа целата своја моќ во нападот. Не можам да се жалам за моите момци, тие се обидоа. Имаме долг пат да изодиме за да стигнеме до Јувентус. Сега не смееме да се споредуваме со нив. Тие се на различно ниво“, истакна Конте.
„Ние работиме на намалување на разликата. Победивме шест натпревари, но не заборавајте дека ги поминавме со брзина од 200 км на час. Не можеме да постигнеме резултати ако возиме 80 км на час“, заклучи Конте.
Интер синоќа го забележа првиот пораз оваа сезона на домашна сцена и падна на втората позиција во Серија А.