Леонардо Семпличи е малку познато име за оние кои не се љубители на фудбалот.
Па дури и тие кои го сакаат фудбалот, а не ја следат италијанската Серија А веројатно никогаш не слушнале за овој италијански фудбалски стратег пред кој веројатно е одична кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роден е во најголемиот град Тоскана – Фиренца, а во текот на својата фудбалска кариера играше во нисколигашите. Потоа и тренерскиот пат го започна во нисколигашките клубови, а 2014. година седна на клупата на СПАЛ од Ферара. Го превзеде клубот додека беше во Серија Ц, а уште во 2016. година обезбеди место во Серија Б. Следната сезона СПАЛ избори место во Серија А, а Семпличи денеска по 200. пат ќе го води клубот кој токму тој прв пат во историјата го внесе во друштвото на најдобрите.
Нема сомнеж дека и доколку го заврши својот пат во СПАЛ го очекува успешна тренерска кариера.