Во рамките од седмото коло на италијанското првенство утре се игра големото дерби на „Џузепе Меаца“ помеѓу Интер и Јувентус.
Интер после неколку години конечно има екипа која може да се бори за врвот во Италија и натпреварот против актуелниот шампион ќе им биде вистински тест за нивните можност. „Старата дама“ веќе осум години доминира во Италија и сигурно дека Интер сака да ја прекине оваа низа на лутиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми утрово пишуваат дека со утрешниот натпревар ќе продолжат меѓусебните натпревари помеѓу Кристиано Роналдо и Диего Годин. Неверојатно звучи дека Роналдо и Годин дури во 31 натпревар играле на спротивните страни.
Нивните патишта започнале да се вкрстуваат уште пред 11 години. Имено, тогаш Роналдо играше во Манчестер Јунајтед, а Годин во Виљареал, а овие клубови се сретнаа во групната фаза од Лигата на шампионите на 17-ти септември 2008 година.
Секако најмногу натпревари одиграа носејќи ги дресовите на Реал Мадрид и Атлетико, дури 26. Сега ривалитетот го продолжуваат во Италија во големото дерби помеѓу Интер и Јувентус.