Дома Фудбал Италија Синот на Бобан „распали“ по тренерот на Милан

Синот на Бобан „распали“ по тренерот на Милан

Милан во моментов се наоѓа во тешка ситуација, откако после шест одиграни кола во Серија А запиша дури четири порази.

Поради ова под голем притисок е тренерот Марко Џампаоло и воопшто нема да биде изненадување ако тој добие отказ, а „масло на огнот“ додаде и синот на Звонимир Бобан, Рафаел.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој преку социјалните мрежи испрати порака и директно го обвини тренерот Џампаоло за лошите резултати.

Имено, според Рафаел, главен виновник за состојбата во клубот е тренерот затоа што Милан располагал со квалитетни играчи.

„Дали проблемот е тренерот или играчите? Имаме одлични и квалитетни играчи, мислам дека проблем е тренерот“, напиша кратко Рафаел.

Последните информации од Апенините говорат дека и директорската позиција на неговиот татко не е солидна, па и тој може да добие отказ од страна на сопствениците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Дајк загрижен поради бројките на Ливерпул: Тоа нè боли многу

Капитенот на фудбалерите на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изјави дека проблемите на неговиот …