Интер под водство на Антонио Конте одлично ја отвори новата сезона во Серија А, а единствениот кикс на Нероаѕурите во досегашниот дел од сезоната претставува ремито со Славија Прага во 1. коло од групната фаза во ЛШ.
Интер не беше лош и претходната сезона, избори пласман во ЛШ, но уште подобро поминале кога се во прашање финансиите и профитот.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Имено, Нероаѕурите денеска објавија дека клубот претходната сезона остварил заработка од 415 милиони евра, што претставува нов рекорд. Оваа заработка претставува пораст од 20% во однос на сезона 2017/18, кога Интер инкасираше 346 милиони евра.
Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците напорно работеле да измислат нови начини на акумулирање профит бидејќи тоа на клубот му помага да ги реши обврските кон финансискиот фер-плеј.
Најголемиот дел од заработката стигна благодарение на пласманот во ЛШ, но и зголемените средства кои пристигнуваат во клубот од спонзорите.