Дома Фудбал Италија Дерби на денот: На Олимпико ќе има жестока битка, но и „дожд“ од голови

Дерби на денот: На Олимпико ќе има жестока битка, но и „дожд“ од голови

Рома е домаќин на Аталанта во рамките на 5-то коло во Серија А. Ова е дуел на две екипи кои играат доста ефикасни натпревари во последно време и меч помеѓу екипи кои се директни конкуренти за пласман во Топ 4 оваа сезона.

Фонсека ги средува работите околу Рома

Турбулентен 12-месечен период имаше Рома, но се чини дека тој период е веќе ззад нив. Имаа обид да се пласираат до полуфиналето на Лигата на шампионите, засенет од заминувањето на влијателни фигури во соблекувалната како Раџа Наинголан, Кевин Стротман и конечно Даниеле Де Роси. Тука го вметнуваме и пропаѓањето на ерата на Мончи, вознемирувачкото заминување на Франческо Тоти од одборот и што уште не.Минатата сезона завршија дури на 6-то место во Серија А, а тоа за нив беше катастрофален пласман. Пауло Фонсека сепак се чини дека средува работите полека но сигурно. Тој имаше одлична одисеја во Шахтјор Донецк, но сега задачата која ја има со Рома е далеку по предизвикувачка.

Офанзивата на Рома, најавува добра сезона


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Почетокот на сезоната за Рома изгледа добро. Тие се уште се непоразени во Серија А и го добија својот прв натпревар во Лигата на Европа. Минатиот четврток славеа над Басакшехир и тоа убедливо со 4:0. Џастин Клајверт почнува да влегува во одлична форма, а Михтаријан остава одличен впечаток и наликува на оној фудбалер од пред две сезони кој беше незапирлив во Премиер Лигата. Со овие двајца, како и со Џеко, Рома има одличен напаѓачки ред. Тешко дека ќе успејат да најдат достојни замени за Наиголан и Стротман, но барем досега Кристанте и Заниоло делуваат одлично во средниот ред. Се на се, Рома дефинитивно има ков за следната сезона да избори пласман во Лигата на Шампионите.

Аталанта не изгледа моќно како минатата сезона

Аталанта победи на само два натпревари на стартот на оваа сезона. Но интересно и двете победи ги забележаа на гостински терен и тоа над Спал и Џенова. На домашен терен изгубија од Торино и одиграа нерешено со Фиорентина. Дефинитивно оваа екипа не изгледа толку моќно како минатата сезона. Особено загрижувачко беше нивното деби во Лигата на Шампиони и поразот од 4:0 во Загреб кај Динамо. Тоа е еден од најтешките порази на италијански клуб во рамките на европската елита и веднаш го вклучи алармот во екипата. Но тие не славеа победа ниту минатиот викенд откако одиграа 2:2 против Фиорентина. Го диктираа темпото, ја имаа топката во свој посед, имаа и еден куп шанси но Фиорентина водеше со 0:2. Ако има нешто добро кај Аталанта од тој меч, тоа е нивното враќање со головите во 84-та и 95-та минута за 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…