Дома Фудбал Италија Toти: Ова е премногу, во Рома ниту масерите не знаат италијански

Toти: Ова е премногу, во Рома ниту масерите не знаат италијански

Франческо Тоти важи за вистинска икона и легенда во Рим. Тој целата своја кариера ја помина во Рома и одби голем број понуди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После завршувањето на кариерата Тоти беше дел од раководството, но набрзо ја напушти таа функција поради несогласувања со сопственикот Џејмс Палота.

Сега во интервју за италијанските медиуми отворено призна дека му пречи тоа што во Серија А играат се поголем број странци и на тој начин не им се дава шанса на младите италијански фудбалери.

„Искрено сакам еден ден да има лига во која во еден тим ќе има најмногу двајца странци. Ова е премногу. Во Рома никој повеќе не зборува италијански, дури ни масерите не знаат“, изјави Тоти.

И ако се погледне статистиката може да се каже дека Тоти е во право. Рома од вкупно 26 регистрирани играчи има 10 Италијанци, додека вкупно во Серија А од 551 странци се 317 (57.5%).

Тоти е рекордер по голем број сегменти во Рома и најдобар стрелец на клубот, тој беше дел од тимот кога „волчицата“ последен пат го освои Скудетото во 2001 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…