Дома Фудбал Останато Роналдо: Требаше да имам барем една „Златна топка“ повеќе од Меси

Роналдо: Требаше да имам барем една „Златна топка“ повеќе од Меси

Роналдо во интервјуто Пиерс Морган нагласува дека во кариерата заслужил барем една Златна топка повеќе од Лионел Меси.

Меси и Роналдо во последните 10-тина години доминираа во светскиот фудбал и освоија по пет Златни топки.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, играчот на Јувентус смета дека требало да има барем една Златна топка повеќе од Аргентинецот.

„Би сакал да имам повеќе, а мислам и дека заслужувам. Меси е фантастичен играч. Тој е дел од фудбалската историја, меѓутоа јас сметам дека требаше да имам шест, седум или осум Златни топки и да бидам пред него“, изјави Роналдо.

„Ние не сме пријатели, но оваа сцена ја делиме веќе 15 години. Имаме добар однос и знам дека поради него сум подобар играч, како и што е подобар поради мене. За мене јас сум најдобар во историјата, но за некои навивачи е некој друг. Тоа не значи ништо. Знам дека сум еден од најдобрите играчи во историјата“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…