Кон крајот на минатиот месец во Монако беше одржан ждребот за Лигата на шампионите, а исто така УЕФА ги прогласи и најдобрите поединци во изминатата сезона.
За најдобар играч во Европа прогласен беше Вирџил Ван Дајк кој ги победи Роналдо и Меси.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Роналдо во таа прилика со воодушевување зборуваше за Меси и порача дкеа никогаш претходно во фудбалот двајца играчи не доминирале толку долго време. Португалецот дури и го покани Меси на вечера во блиска иднина.
„Ја делевме оваа сцена 15 години, двајцата бевме тука секогаш. Не знам дали тоа некогаш се случило во фудбалот, не е лесно. Ми недостасува играњето во Шпанија. Тој мене ме правеше подобар, јас него. Имаме добар однос. Никогаш не сме вечерале заедно, но се надевам дека во иднина ќе го направиме тоа“, изјави Роналдо.
Меси две недели подоцна одговори на овој повик на Роналдо.
„Не знам дали наскоро ќе се случи таа вечера бидејќи обврските ни го диктираат темпото на живот и јасно е дека немаме баш премногу слободно време. Но, сигурно дека би го прифатил неговиот повик“, изјави Меси.