Дома Фудбал Германија Кутињо откри: Клоп бил еден од „виновниците“ што завршил во Баерн

Кутињо откри: Клоп бил еден од „виновниците“ што завршил во Баерн

Фелипе Кутињо ова лето пристигна во Баерн од редовите на Барселона.

Бразилецот имаше навистина турбулентна сезона зад себе во која не прикажа премногу добри настапи и поради тоа се најде на удар на навивачите на Каталонците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго се споменуваше дека Кутињо би можел да ја напушти Барселона и тоа на крајот се случи иако претходно се најавуваше дека би можел да се врати во Ливерпул заврши во Бундес лигата.

Баерн ќе има право да го откупи неговиот договор, а Бразилецот сега за „Билд“ откри дека Клоп е еден од „виновниците“ што се преселил во Баерн.

„Ми испрати порака и ми посака среќа. Ми кажа дека Баерн е голем клуб, а Бундес лигата одлична лига и дека се радува што ќе играм таму“, изјави новиот фудбалер на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…