Во последно време Лионел Меси е во центарот на вниманието откако беше откриено дека во договорот има клаузула според која може да ја напушти Барселона на крајот на сезоната.
Претседателот на клубот, Жосеп Марија Бартомеу оваа недела потврди дека Меси може да замине од Каталонија на крајот на сезоната бидејќи во договорот има клаузула дека е слободен да побара прекин кога ќе наполни 32 години.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Сепак, во Барселона веруваат дека можат да го убедат Меси да остане во клубот и по крајот на 2021 година, кога ќе заврши неговиот договор.
Имено, Каталонците се спремни да му понудат договор без краен рок, односно додека Аргентинецот не реши да стави крај на кариерата.
Двете страни, наводно, се расположени за договор, бидејќи првиот човек на Барса Жозеп Бартомеу и таткото на Меси, Хорхе, постојано се во контакт, но не сакаат да брзаат.