Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп после освојувањето на Лигата на шампиони сега сака трофеј во Премиер лигата, нешто што „Енфилд“ го чека цели 30 години.
Ливерпул има моќен тим и ќе води голема битка за титулата со Манчестер Сити, а неодамна Клоп во разговор со „Кикер“ веројатно откри кога ќе ја напушти клупата на англискиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истакна дека после Ливерпул ќе замине на подолг одмор за да ги наполни батериите за нов предизвик.
„Се чини дека така ќе биде, но не можам со сигурност да кажам дали тоа ќе биде после три години. Ако одлучам дека не можам повеќе, ќе земам одмор. Имам енергија, но не сакам само така без ентузијазам да ја работам работата“.
„Големи се шансите моето ниво на енергија после една сезона пауза да порасне и повторно ќе можам да го правам тоа што го сакам“, истакна Клоп.
Германецот има договор со „црвените“ до 2022 година и веројатно после истекот на договорот ќе реши да прави пауза.