Хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен ова лето остана во Ливерпул каде што ќе биде четврти избор на стоперската позиција.
Ловрен имаше понуди од Милан и Рома, но сепак остана него напушути Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да, размислував да заминам, ги одиграв моите најдобри натпревари за Ливерпул и ја освоив Лигата на шампионите. Не сум играч кој сака да седи на клупа и да заработува пари. Луѓето околу мене ме советуваа: Зошто се грижиш, играш во голем клуб, ќути и заработувај. Но јас не сум среќен кога седам на клупа“.
„Милан ме контактираше, Рома беше упорна, но преговорите не одеа во добра насока. Не сакав да одам некаде и да докажувам кој сум. Професионалец сум ја освоив Лигата на шампионите, бев втор на Светското првенство. Направив големи работи во фудбалот и не заслужувам да одам некаде на позајмица за некој да ги проверува моите квалитети“.
„Среќен сум што цело време чуствував дека Ливерпул е покрај мене и тоа го почитувам. Клоп ми кажа: Слушај, ти си топ класа, нема да те пуштиме на позајмица, потребен си ни. Кога ми го кажа тоа бев збунет бидејќи знаев дека сум во најлоша позиција од сите стопери во тимот“, изјави Ловрен.