Дома Актуелно Полицијата трага по Бланка Фернандез Очоа: Исчезна најдобрата шпанска скијачка

Полицијата трага по Бланка Фернандез Очоа: Исчезна најдобрата шпанска скијачка

Исчезна бившата шпанска скијачка и олимпијка која освои олимписки медал на ЗОИ, Бланка Фернандез Очо и полицијата интензивно трага по неа.

Фернандез Очоа исчезнала пред повеќе од една недела , соопштува полицијата. Последен пат била видена на 23 . август додека вози црн Мерцедес во предградие на Мадрид.

Полицијата побарала информации од граѓаните , на барање на семејството на поранешната скијачка. Таа ја напуштила куќата без телефон , а од тогаш не користела платежни картички. До сега не е најдена никаква трага.

Очоа е првата Шпанка, освојувачка на Олимписки медал, кога во 1992 го освои бронзениот медал на ЗОИ во Албервил. Во периодот меѓу 1980 и 1992 учествувала на четири Олимпијади.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …