Дома Фудбал Останато Лукаку одговори на критиките на Гери Невил

Лукаку одговори на критиките на Гери Невил

Maнчестер Јунајтед ова лето го продаде Ромелу Лукаку на Интер, а набрзо откако Белгиецот се пресели на Џузепе Меаца започна да се поставува прашањето за неговата физичка спремност.

Наводно Лукаку во Италија пристигнал со вишок килограми и се шпекулираше дека поради тоа може да го пропушти стартот на сезоната. Сепак Лукаку дебитираше со гол во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај тоа Лукаку се најде на мета на критики на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сега стручен коментатор, Гери Невил.

„Лукаку може ќе биде добар и ќе постигнува голови во Интер, но непрофесионализмот е заразен“, порача Невил.

Сега Лукаку во интервју за „Би-Би-Си Спорт“ одлучи да му возврати на Невил.

„За мојата физичка спремност може да зборува што сака, но никогаш не треба да зборува за мојот професионализам. Тоа е нешто што не може да го каже. Сите тренери со кои работев, ја кажуваа истата работа замене“, изјави Лукаку и продолжи:

„Што кажал Солскјер за мене на тренинзите? Дека секогаш работам и давам се од себе за да бидам подобро. Исто беше со Мурињо, Роберто Мартинез и сега со Конте. Минатата година беше лоша, но и тоа се случува во фудбалот. Невил е водител и е платен да зборува, а јас да играм фудбал и давам се од себе за Интер. Тоа е тоа“, одговори Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо предизвика бурни реакции: Се враќам во Лондон!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман по заминувањето од Рома, а сег…