Иако се чекаше само моментот кога Герет Бејл ќе го напушти Реал Мадрид тоа на крајот не се случи и очигледно нема ниту да се случи.
Имено, како што стојат работите Бејл и оваа сезона ќе остане член на Реал Мадрид, единствено ако не си замине во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчите на Реал се припремаат за натпреварот против Виљареал, а Герет Бејл тренираше одвоено.
Ова немаше да биде никакво изненадување ако се случеше пред еден месец, меѓутоа е изненадување после последните изјави кои ги даваше Зидан за Бејл. Зидан тврдеш дека сериозно како и на сите играчи, ќе смета и на Бејл иако после завршувањето на минатата сезона тврдеше нешто спротивно.
Информацијата дека Бејл тренира одвоено ја открија шпанските новинари, а од Реал се правдаа дека не тренирал со тимот затоа што не бил доволно спремен.
Сепак, медиумите тврдат дека тоа не е вистина и дека Бејл иако останал во клубот не е во плановите на Зидан.
Останува да го почекаме наредниот натпревар на Реал во Ла Лига па да видиме кој е во право.