Јирген Клоп зборуваше за својата иднина и изјави дека откако ќе му истече договорот со Ливерпул веројатно ќе земе одмор од фудбалот.
Германецот во 2015 година пристигна на „Енфилд“ и со Ливерпул има договор до 2022 година. На прашањето дал и ќе земе одмор после истекот на договорот Клоп неодамна даде јасен одговор:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека да. Кој може да каже дека во следните три години ќе дава се од себе? Ако почуствувам дека повеќе не можам тогаш ќе земам пауза од една година и ќе одлучам што понатаму. Имам еден проблем, не знам да ја дозирам својата енергија – или давам се или ништо“, изјави Клоп.
Поранешниот голман на Ливерпул, Јержи Дудек после оваа изјава на Клоп смета дека Стивен Џерард е единствениот кој може да го наследи Клоп на клупата на „црвените“.
„Кога неодамна бев во Ливерпул, никој не ја чуваше тајната дека Стивен е главен и единствен кандидат за замена на Германецот кога ќе заврши неговата ера на „Енфилд“. Сите знаат дека порано или подоцна тој ќе се врати“, напиша поранешниот послки голман во својата колума за „Прзеглад Спортови“.