Холандскиот стопер Матијас Де Лихт не го криеше разочарувањето од поради тоа што остана на клупата во првото коло од Серија А во кое Јувентус играше против Парма.
Сари одлучи предност во првото коло да добијат Киелини и Бонучи. Токму Киелини беше стрелец на голот кој го одлучи натпреварот. Изоставувањето на Де Лихт од првиот тим на Јувентус беше и една од главните теми во Холандија, па сега на истата зборуваше и Роналд Куман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сум загрижен и нема зошто да бидам, ова беше само прв натпревар. Но, ако ситуацијата не се промени до октомври тогаш можеби и ќе размислувам дали Де Лихт го има потребниот ритам за да биде дел од првиот тим во репрезентацијата“, отворено порача Куман, а потоа и ја објасни ситуацијата.
„Јувентус за него плати скоро 80 милиони евра и поради тоа сите очекуваат дека ќе игра. Меѓутоа ако погледнеме од друга страна Јувентус ги има Киелини и Бонучи и тренерот може има друга замисла. Зборував со Матијас пред две недели, тогаш тој ми кажа дека треба да се адаптира на играта во одбраната која ја практикува Јувентус и дека таа е поразлична од онаа во Ајакс“, откри Куман.